Копчето “лајк“ е една од многуте причини за големата популарност на Фејсбук во нашите секојдневни животи. Благодарение на тоа, секој од нас може да сподели интересен пост на својата сметка со само еден клик. Ова е причината поради која можете да пронајдете копче “лајк“ на содржината во буквално секоја интернет страница.

Сите сме навикнати да го гледаме овој симбол, но малкумина сметаат дека копчето може да стане и ризик за безбедност на потрошувачите, пишува Digital.bg

Највисокиот суд на ЕУ сега донесе пресуда дека сопствениците на веб-страниците кои вградуваат копче “лајк“ треба да бараат експлицитна согласност од корисниците. Ова е предизвикано поради загриженоста за безбедноста поврзана со споделување на лични податоци со социјалната мрежа.

Целиот процес треба да биде што е можно потранспарентен и строго да ги следи европските законодавства и сегашната регулаторна рамка на континентот. ЕУ сака да добие согласност од корисниците, дури и кога тие не го притискаат копчето “лајк“.

Одлуката на Судот со седиште во Луксембург, стапи во сила непосредно откако германската служба за заштита на потрошувачи покрена случај против Fashion ID. Тоа е популарен ланец за онлајн малопродажба, кој ги крши законите на ЕУ со својот плагин за социјални мрежи. Германскиот суд побара насоки од повисок суд и на крајот доби одговор дека Фејсбук и веб-страниците имаат заедничка одговорност кога станува збор за едно вакво прашање.