Професор од универзитетот MIT објасни дека моментно живееме во свет каде што победникот го зема најголем дел од пазарот.

Професорот по економија на престижниот MIT универзитет, Дејвид Аутор на Светскиот економски форум во Давос изнесе свое предвидување дека денешните технолошки компании, како што е Facebook, ќе ја доживеат истата судбина како и доминантните компании од минатото кои денес не постојат.

Дејвид во текот на еден панел во Давос го постави прашањето “дали можеме да живееме во свет на монопол?”

Професорот од MIT објасни дека моментно живееме во свет каде што “победникот го зема најголем дел од пазарот” и каде што мала предност во однос на конкуренцијата дава огромна предност.

Аутор истакна дека сме имале слични монополи во минатото, наведувајќи ги како пример Американските железници.
– Моја претпоставка е дека Facebook нема да постои за 20 години, заклучи Дејвид Аутор.