Google ја претстави новата апликација Gallery Go, која има за цел да биде алтернатива на Photos и да им помага на луѓето со бавна интернет конекција да ги организираат и уредуваат своите фотографии.

Апликацијата користи вештачка интелигенција за да ги организира вашите фотографии според различни критериуми, така што лесно можете да најдете се што ви треба, да применувате филтри и автоматски да ги подобрувате вашите кадри – сите без интернет конекција.

Можете да креирате папки за да ги одделите различните албуми. Gallery Go зафаќа само 10MB, што ја прави погодна за Android Go телефони, и сега може да се преземе од Play Store за сите уреди со Android 8.1 или повисоко.