Уште од второто тримесечје се појавуваат информации за тоа дека HMD Global планира објава на наследникот на Nokia 9 PureView. Најновите информации откриваат дека телефонот би можел да се нарекува Nokia 9.1 PureView и дека би можел да биде објавен во текот на четвртото тримесечје. Исто така, гласините сугерираат дека телефонот ќе биде прв Nokia модел со 5G конекција.

Според наводите, Nokia 9.1 PureView ќе користи Snapdragon 855 чипсет, што значи дека ќе го имплементира Qualcomm X50 5G модемот. Нема информации за другите спецификации на телефонот. Извештаите истакнуваат дека телефонот е одложен за да се оптимизираат главните продажни елементи на уредот.

Се сугерира дека Nokia и US Light компанијата за технологија на камерите ќе бидат партнери во подобрување на видео снимањето и перформансите во услови на слабо осветлување на Nokia 9.1 PureView моделот. Телефонот ќе има и подобра брзина на камерата, благодарение на подобрата експозиција и подобрувањата на софтверските алгоритми.