Европската секретарка за натпреварување на пазарот, Маргарет Вестагер веќе во неколку наврати нагласи дека не ја плашат големите светски компании и дека не ѝ претставува проблем да влезе во директен конфликт со нив, со цел да ги заштити правата на европските потрошувачи.

Откако неодамна одреди рекордна казна за Google поради оперативниот систем Android и начинот на кој што го нудат на производителите на паметни телефони, сега таа своето внимание го насочува кон уште еден гигант – Apple.

Имено, уште во 2009. година, американската компанија заедно со низа на други производители на паметни телефони, потпиша доброволно согласување дека до 2011 година ќе воведе универзален приклучок за полнење на телефоните. Постарите ќе се сетат дека со секој мобилен телефон доаѓаше и полнач кој што функционираше само со тој модел на телефон – тоа значеше дека потрошувачите мора да ги полнат своите телефони само со точно одреден полнач.

Големите производители чии што уреди работат на Android, како што се Samsung, Huawei и Nokia ги прилагодија своите телефони и нивните корисници можат да ги полнат телефоните со полнач кој што има USB-C или Micro USB влез. Но, од Apple не тргнаа во таа насока.

Lightning влезот на Apple е уникатен и не дозволува полнење на телефонот со друг кабел. Тоа за корисниците значи дека доколку имаат iPhone ќе мора да купат полнач со кој ќе биде компатибилен само со смартфонот на Apple.

Таквиот однос кон купувачите не ѝ се допаѓа на Вестагер и таа најави дека детално ќе истражи што направиле потписниците во врска со „хармонизирањето“ на полначите, најави отворање на студија која ќе процени што се направило и што треба да се направи.

Со оглед на тоа што од Apple потпишале договор, но не сториле ништо во врска со тоа, тоа би можело да значи и отворање на истрага и казна поради оневозможувањето на европските корисници слободно да ја бираат опремата која што ќе ја користат со својот паметен телефон.

Извор: Zimo.hr