Френки Запата, „летачкиот човек-реактор“, кој на 14 јули леташе над Елисејските полиња, не успеа да го прелета камалот Ла Манш на неговиот Флајборд.
Френки Запата паднал во морето при слетување на планираната точка за полнење гориво, тој е спасен и бил пронајден „свесен“.
Тој полета изутринава околу 09:05 часот, во близина на плажата Сангатте (Па-де-Кале), стоејќи на својот Флајборд – турбо-платформа, за да се обиде да го помине Ла Манш.
Шампион на Европа на џет-ски, овој 40-годишен жител на Марсеј, според планот за летање требаше да 35-те колометри од Ла Манш да ги прелета за околу дваесет минути, со брзина од околу 140 километри на час и 15/20 метри над водата. Тој мораше да слета на брод за да наполни гориво–керозин по поминувањето на првите 18 км.
Поврзани артикли