Руската агенција за вселенски истражувања „Роскосмос“ планира да го уништи отпадот во пониската Земјина орбита со помош на силниот ласер висок три метри.

Во извештајот, во кој имала увид руската новинска агенција РИА Новости, се наведува дека агрегат би создавал енергија потребна за ласерот, кој би го уништувал отпадот од вселенските бродови или останатите видови на ѓубре, како изгубените ракавици на астронаутите во ниската Земјина орбита.

Спорет претпоставките на американската агенција за вселенски истражувања НАСА, во вселената има повеќе од 500.000 парчиња отпад.

„Релативно мал дел на орбитален отпад може да им нанесе штета на леталата и сателитите. Од околу 500.000 парчиња отпад, 20.000 се поголеми од топка за бејзбол“ – се истакнува во предупредувањето на НАСА.