Microsoft на 24. јули ја објави Windows 10 верзијата која е наменета само за оние кои ги тестираат новите опции, па се заинтересирани меѓу останатото да видат и како ќе изглеа новото Start мени.

Се работи за Windows 10 верзијата 18947, која е наменета само за интерни Xbox тестирања, а од Windows инсајдерите кои користат 32-битни уреди. Верзијата по грешка стигна до сите Windows 10 тестери, така што и оние на кои не им била наменета информацијата можеа да го видат новиот дизајн на Start менито, кој е во почетни фази на тестирање, но веќе може да се види дека му недостастуваат Microsoft Live Tiles. Се истакнува дека се работи за верзија која Microsoft ја развива за Windows Lite, па не е познато дали Live Tiles во целост ќе исчезнат од Start менито и кога другите Windows 10 варијанти се во прашање.

Ова не е прв пат од Microsoft по грешка да стигнат информации и до оние на кои не им се наменети, бидејќи и во 2017. година пред време беа објавени Windows 10 верзии за компјутери и телефони, што дури и предизвика проблем кај некои поосетливи уреди, кои автоматски се рестартираа.