Подбрендот на Huawei, Honor во Кина претстави два смартфона , а тоа се Honor 9X и Honor 9X Pro.
Двата нови модела се наследници на Honor 8X моделите, кои се појавија во септември 2018. година, имаат екрани без рамки и pop-up селфи камери.
Стандардниот 9X доаѓа со 4 или 6 GB RAM, 64 или 128 GB интерна меморија, додека Pro моделот има 8 GB RAM и 128 или 256 GB интерна меморија. Исто така, Pro моделот на задната страна има три камери, главната од 48 MP, широка од 8MP и сензор за длабочина од 2MP. Honor 9X доби камери од 48 и 2 MP.
Во срцето на двата уреда е осмојадрениот Kirin 810 процесор (7nm), кој го користи и Huawei Nova 5. Сепак, овој процесор во Honor 9X Pro не би требало толку да се загрева благодарение на дополнителното течно ладење.
Уредите добија 6,6-инчни LCD FullHD+ екрани, MicroSD слотови и селфи камери од 16 MP. Ги напојува батерија од 4.000 mAh, а поврзувањето се извршува преку USB-C конектор.
https://youtu.be/Ijj8MKoO61Y
Продажбата почнува на 9. август, а цените се движат од 203 до 349 долари зависно од моделот.