Социјалната мрежа Instagram во некои земји одлучила да го скрие бројот на лајкови на објавите за да ги ослободи корисниците од притисок.

Помеѓу земјите во кои Instagram на овој начин ги штити корисниците се Австралија и Јапонија, а станува збор за пробен период во кој корисниците под објавите на лицата кои ги следат, го гледаат своето испишано име и зборот “други” наместо бројот на лајкови, додека и понатаму ќе имаат можност да ги видат лајковите на сопствените објави.

Постои загриженост дека социјалните мрежи можат да ја загрозат самопочитта на корисниците и да предизвикаат негативни чувства кај младите луѓе.

Instagram објави сличен експеримент во Канада во мај, а сега тестовите се прошируваат и кон Австралија, Нов Зеланд, Ирска, Италија, Јапонија и Бразил.

“Се надеваме дека овој потег ќе ги ослободи корисниците од притисокот кој го чувствуваат поради бројот на лајкови на објавите, така што можат да се фокусираат на споделување на работите кои ги сакаат”, соопштено е од Facebook, во чија сопственост е Instagram.

Овие мерки не ги опфаќаат деловните профили.

Извор: Klix.ba