Сајтот за споделување фотографии Flickr најави дека од 8. јануари, 2019. година сите бесплатни профили ќе бидат ограничени на 1000 фотографии или видеа. Целата содржина над таа граница ќе биде избришана по 5. февруари, соопштија од Flickr.

Ако сакате да одите над оваа граница, ќе морате да издвоите 50 долари годишно за Flickr Pro претплата.

Flickr е креиран во 2004. година, а една година подоцна го купи Yahoo. Оригиналниот бизнис модел беше дека бесплатните профили се ограничени на 200 фотографии, а за повеќе требаше да се плати.

Најголемата промена пристигна во 2013. година, кога на бесплатните налози им беше даден простор од 1 TB.

Меѓутоа, Verizon го купи Yahoo во 2017. година, а во април оваа година Flickr беше продсден на сајтот за хостирање фотографии, SmugMug.

Новите сопственици тврдат дека оваа промена е направена за подобро да се фокусираат на она што Flickr треба да биде – заедница за фотографи во која можат да чуваат, прикажуваат и да зборуваат за својата работа.

Проширувањето на просторот на 1 TB на платформата донесе и многу други корисници, не оние кои ја сакаат фотографијата, туку лица кои сакаат бесплатен простор што можат да го искористат да го сместат сето она што не им треба, но не сакаат да го избришат.

Новата политика на корисниците им нуди бесплатни профили за да осетат дел од она што го нуди платформата, но било која посериозна употреба бара претплата. За посериозните корисници ова би била добредојдена промена,