Microsoft во септември го прикажа изгледот на својата Outlook апликација за iOS, со ветување дека ќе понуди и темен режим (Dark Mode) недолго по објавата. Редизајнот стигна кај корисниците во декември, но dark mode се уште не беше достапен. Сега имаме идеја како ќе изгледа темната тема, благодарение на протечените рендери од Android апликацијата.

Фотографиите го прикажуваат темниот режим во mail, calendar и search секцијата на апликацијата, а извештајот сугерира дека Android и iOS верзиите на темен режим ќе бидат слични. На Android изгледа дека постои режим за префрлање на апликацијата на dark mode, кога ќе се вклучи режимот за чување батерија.

Темниот режим полека го пронајде својот пат до Outlook апликациите на поголем други платформи, вклучувајќи ги Windows 10 Mail и Calendar апликациите, полните Win32 апликации, macOS и неодамна на веб верзијата. Мобилната платформа последна ќе го добие темниот изглед, но засега се уште не е познато кога тоа ќе се случи.