DeepCubeA е систем развиен на Универзитетот Ирвин во Калифорнија и тој користи вештачка интелигенција за решавање на 3D загатки, без помош на човекот. Најдобра демонстрација на неговата сила, брзина и ефикасност е решавањето на Рубиковата коцка.

По процесот на машинско учење, системот е рестиран со решавање на 1000 случајно “растурени” Рубикови коцки. Тие се решени без грешка (процентот на успешност е 100 проценти), а најефикасното решение со најмал број на неопходни потези е пронајдено во 60,3 отсто од случаите. Во просек, за решавање било потребно да се направат 28 потези, што е речиси двојно помалку од минималниот број потези кои ги прават луѓето (50 потези), а просечното време на решавање било само 1,2 секунди.

Иако ова звучни многу брзо, мораме да напоменеме дека постојат и други системи кои побрзо ја завршувале оваа работа, како на пример робот кој тоа успеал да го заврши за само 0,38 секунди. Но, разликата помеѓу нив и DeepCubeA е во тоа што тие биле специјално дизајнирани за таа работа и што ги спроведувале алгоритмите кои ги напишал човекот, а DeepCube A користи вештачка интелигенција за оваа работа. Решението кое е употребено користи симболично, математичко и апстрактно размислување, за да се реши овој проблем, кој поради третата димензија е значително покомплициран од шаховските мечеви.