Најновиот извештај ги откри најпопуларните iOS апликации на сите времиња, а еден детал посебно паѓа во очи.

На прво место се наоѓа Facebook со повеќе од 700 милиони преземања помеѓу јули 2010 година и мај 2018 година.

Веднаш зад Facebook се наоѓаат три апликации кои се во сопственост на најпопуларната социјална мрежа на светот – Facebook Messenger, Instagram и WhatsApp.

Од петте најпопуларни апликации, само една не е поврзана со Facebook, а тоа е YouTube која се наоѓа на 3. место. Корисниците на iOS од отворањето на App Store потрошиле повеќе од 130 милијарди долари на апликации и внатрешни купувања.

Извор: Telegraf.rs