Во времето кога доминираат преносните компјутери со се помалку портови, пристигнува VAIO SX12 лаптопот, со можеби најголем број портови на еден модел. Фотографиите доловуваат какви се приклучоци нуди лаптопот.

Преносникот ги има следните портови: 3x USB-A, USB-C, HDMI, Ethernet, слот за SD картички, VGA порт и приклучок за слушалки.

Внатрешноста на уредот ни донесува Intel CPU од осмата генерација во Core i5 или i7 облик (четворојадрени чипови), до 16GB RAM и SSD до 1TB. Vaio нуди батерија која трае до 14 часа, тивка тастатура со целосна големина, опцинална LTE конекција, multi-touch тракпад со две копчиња, сензор за отпечатоци од прсти, како и слој за заштита од отсјај на 12,5-инчниот екран.

VAIO SX12 најпрвин ќе се појави во Јапонија, по цена помеѓу 1100 и 2000 долари, во зависност од хардверот за кој ќе се одлучи корисникот и боите на лаптопот.