Qualcomm во септември 2018. година го претстави Snapdragon Wear 3100, но чипсетот за носечки уреди имаше ист CPU, како и неговиот претходник Wear 2100, со архаичните Cortex A7 јадра.
Сега новиот извештај сугерира дека компанијата работи на платформа, која ги носи имињата WTP2700 и WTP429W (WTP е ознака за “wearable testing platform”), а изгледа дека се засновани на Snapdragon 429 смартфон чипот.
Snapdragon 429 е креиран во 12nm FiNFET процес и пристигнува со четири CPU Cortex-A53 јадра @2GHz. Чипот има 64-битна поддршка, што значи дека новите носечки уреди ќе можат да нудат подобра компатибилност со модерен софтвер.
Snapdragon Wear 429 (или би можел да биде наречен Wear 2700) би требало да има Bluetooth 5.0 и LTE модем. Платформата поддржува EMMC 5.1, што овозможува имплементирање на побрзо решение за складирање.
Засега не е познато кога чипсетот ќе биде официјализиран, но ќе биде вистинско освежување во понудата на Qualcomm, која користи прилично стара технологија.