Хотел на Меѓународниот аеродром Ханеда во Токио има инсталирано симулатор за летање во една од просториите каде гостите можат да резервираат термин за 90-минутни летачки сесии.

Машината го симулира искуството за пилотирање со боинг 737-800, на лет од Ханеда до аеродромот Итами во Осака со помош на инструктор кој е тука да помогне. Користењето на симулаторот чини 30.000 јени (277 долари), додека резервацијата на соба за ноќ е дополнителни 25.300 јени (234 долари). На гостите не им е дозволено сами да го користат симулаторот.

Аки Хагивара, менаџер за односи со јавноста во хотелот, дека чинело околу 10 милиони јени (92.000 долари) за да се опреми собата.