Компанијата Nintendo ја претстави новата верзија на својата хибридна играчка конзола Switch.

Се работи за помала верзија на конзолата Switch, која го доби името Switch Lite. Ќе чини 200 долари, а продажбата почнува на 20. септември. Дизајниран специјално за употреба додека е во вашите раце, новиот Switch Lite нема да може да се поврзе со телевизор и копчињата се вградени на самиот уред.

Со новиот Switch Lite доаѓаат неколку значителни подобрувања. Како прво, тој е полесен, што е очекувано со оглед на тоа дека е нешто помал од регуларниот уред. Копчињата се поставени идентично и функционираат исто како кај неговиот поголем претходник, но контролата на играчот овојпат е далеку поголема бидејќи тие се вградени на самиот уред.

Од Nintendo велат дека Switch Lite доаѓа со зголемено траење на батеријата, благодарение на енергетско ефикасните чипови вградени во него, но и поради дополнителните батерии вградени во пределот кај копчињата.

Новиот уред доаѓа во три регуларни бои: жолта, сива и тиркизна, но и една специјална боја – светло сива, наречена Pokémon Sword, а сите комбинации имаат пријатна мат текстура која овозможува поголема контрола за играчот. Екранот е нешто помал од оној на Switch, но квалитетот е и понатаму одличен, емитувајќи слика во 720p. За разлика од неговиот претходник, чиј екран беше со големина од 6,2 инчи, Switch Lite доаѓа со 5,5-инчен екран кој исто така поседува touchscreen технологија.

Switch Lite ќе дебитира на пазарот на 20 септември оваа година, на истиот ден како и видеоиграта „Link’s Awakening“. Посебната верзија наречена Pokémon ќе се појави на 8 ноември и ќе чини исто така 199 долари.