Веќе некое време се појавуваат информации за плановите на Microsoft да креира флексибилен Surface таблет, а судејќи според најновите извештаи, Apple исто така сериозно го разгледува овој концепт.

Според наводите на аналитичарите, кои имаат инсајдерски информации, Apple работи на iPad со флексибилен екран, кој би требало да има големина помеѓу 11 и 15 инчи. Делот кој е најинтересен е дека Apple планира овој уред да го објави веќе наредната година.

Покрај наведеното, извештајот ја споменува Apple A серијата процесори од горниот сегмент, кои имаат 5G можности. Apple се уште не објавил ни 5G телефон, така што на компанијата најпрвин и претстои да се приклучи на овој сегмент на пазарот.