Кинеската компанија Vivo изгледа уверена дека интересот на потрошувачите за проширена реалност ќе се врати благодарение на 5G технологијата.

Vivo ги демонстрира своите први очила, наречени Vivo AR Glass, кои ќе ја користат брзата интернет врска од 5G телефонот на компанијата за да обезбеди разновидни искуства, кои се „преклопуваат“ со реалниот свет.

Уредот има два екрана за разлика од Google Glass, кој има само еден, и ја користи технологијата 6DoF (Six degrees of freedom) за позиционирање во просторот, на лицето кое ги носи.

Vivo планира да ги користи очилата за широк опсег на апликации, вклучувајќи AR игри, 3D видео и препознавање на лице и објект.

Досега, за гаџетот не се појави датум или цена, но веројатно ќе дојде во исто време, кога ќе го видиме смартфонот vivo NEX 5G, што се очекува подоцна оваа година. Самата објава беше направена на MWC 2019 во Шангај, азиската верзија на Мобилен светски конгрес во Барселона, кој се одржува секој февруари.