Технолошкиот гигант, Apple, стана првата компанија во светот, чија вредност изнесува еден трилион долари.

Вредноста на акциите на компанијата Apple порасна за 2,8 отсто, што беше доволно овој технолошки гигант да достигне пазарна вредност од трилион долари.

Уште од вчера, очите на светската инвестициона јавност беа вперени само во една компанија, односно во Apple. Стотици милиони луѓе го следеа движењето на акциите на компанијата, на која им беа потребни уште 207,5 долари, за да дојде до бројката од еден трилион.

Вкупно, акциите на Apple пораснаа за 22 отсто оваа година.

Овој успех изгледаше сосема нереален, кога во 1997 година оваа компанија се најде на раб од банкрот, а акциите вредеа помалку од еден долар. За да преживее, компанијата го врати својот поранешен коосновач, Стив Џобс, на позицијата привремен извршен директор.

Компанијата објави и дека во третиот квартал од својата фискална година, поточно од април па до крајот на јуни, успеа да заработи повеќе пари, благодарение на поголемите цени на iPhone телефоните.

Apple е технолошка компанија основана уште во 1976 година.