Пазарот на мобилни телефони преживува тешки времиња. Испораките се намалени дури и кај големи компании како Apple и Samsung. Најтешка e ситуацијата е кај јапонскиот бренд Sony.

Врз основа на податоците на Bloomberg, во блиска иднина, корпорацијата би можела да го напушти пазарот на паметни телефони. Аналитичарите забележуваат доста слаби продажби на Sony брендираните мобилни уреди.

Сегашниот извршен директор на јапонската компанија, Кеничиро Јошида, претходно изјави дека е подготвен за реструктуирање. Според него, јапонскиот производител треба да се фокусира на развој на оперативни системи и поддршка на претприемништвото.

Врз основа на овие податоци, експертите заклучуваат дека Sony е на прагот да се збогува со пазарот на паметни телефони. Засега Apple, Samsung и кинеските компании остануваат лидери во индустријата.