Surface уредите на Microsoft воглавно користат чипови на Intel, иако компанијата користеше и ARM чипови за некои Surface производи неколку години претходно. Компанијата изгледа размислува за враќање на ARM, па дури и за користење на AMD чипови за новите Surface производи. Новиот извештај сугерира дека соработката на Microsoft со Intel е на климави нозе и дека компанијата тестира AMD и ARM чипови за идните производи.
Извештајот напоменува дека Microsoft го тестира AMD Picasso SoC за варијантата на Surface лаптоп, а истовремено тестира и Snapdragon чип за идниот Surface Pro модел. Овој уред, кој користи ARM чип, наводно се развива во кампусот на Microsoft во Редмонд.
Исто така, се напоменува дека Microsoft развива и сопствен чипсет, под името Excalibur, и дека компанијата блиску соработува со Qualcomm со цел овој чипсет да го направи да биде заснован на спецификациите на Microsoft, за подобро да работи со Windows 10.
Ова не значи дека Microsoft во целост ќе го отфрли Intel. Компанијата планира да понуди нови верзии на Surface Book, Pro и други уреди, кои покрај AMD и ARM чипови ќе имаат и Intel чипови.