Шест дена пред официјалната објава на Galaxy S20 линијата на Samsung, се појавија и фотографии кои ги прикажуваат Galaxy S20 Ultra и S20+ моделите. Фотографиите откриваат дека смартфоните се идентични на она што претходно го сугерираа и гласините.

Samsung Galaxy S20 Ultra на задната страна ќе има голем правоаголен модул со камери. Овој систем го сочинуваат перископ сензор, како и три дополнителни камери, LED блиц, микрофон и уште еден сензор под заштитното стакло.

Доколку досегашните гласини се покажат точни, се очекува 108MP главна камера со ISOCELL Bright HMX сензор, 48MP перископ телефото сензор со 10x оптичко и 100x хибридно зумирање, а тука се и ултрашироката камера и 64MP сензор, кој ќе го премости јазот помеѓу регуларниот и телефото модул.

Од засебен извор пристигнува фотографија од S20 Ultra и Galaxy S20+ телефоните. Galaxy S20+ ќе има ToF сензор, додека останатите три камери најверојатно се стандардната 12MP + 64MP телефото + 12MP ултраширокот.