MacBook Pro наскоро ќе добие или освежен модел или целосно нова големина. Последен пат кога Apple ги освежи MacBook Pro моделите од 13 и 15 инчи беше во мај оваа година. Ажурираните модели имплементираат помоќни процесори и надградена butterfly тастатура.

Секако, потребно е да се истакне дека Apple ги освежи само моделите со Touch Bar, а не и 13-инчниот модел без Touch Bar. Се верува дека FCC листингот е токму за 13-инчниот MacBook Pro без Touch Bar. FCC листингот го открива бројот на модел A2159.

Лаптопот од листингот има поддршка за 20.3V @ 3A Max, што е еквивалент на 61W, што дополнително сугерира дека е во прашање 13-инчен модел без Touch Bar. Само поради споредба, 15-инчните модели пристигнуваат со 87W полнач.

Се верува дека Apple ќе објави и 16-инчен MacBook Pro со потенки рамки, но за ова се уште не се појавија поопипливи докази.