Еден трик на Instagram ќе ви овозможи да видите колку луѓе ги сочувале вашите фотографии на оваа социјална мрежа.

Едноставно е: преминете на бизнис Instagram профил, за што ви се доволни само неколку кликови:

– вашиот профил – трите црти во горниот десен агол – Settings.

– account – switch to Proffesional account – business.

Проследете го до крај подесувањето доколку сакате да ги внесете вашите контакт податоци и тоа е тоа. Доволно е да напишете само една контакт адреса, како на примен мејл.

Кога еднаш ќе го изберете овој вид профил, едноставно е да видите колку од луѓето ги сочувале вашите фотографии.

Одите на фотографијата која сакате да ја проверите и избирате “View insights”.

Таму ќе видите колку пати вашата фотографија е сочувана. За жал не може да проверите кој точно ја сочувал вашата фотографија.

Доколку ова не ви се допаѓа секогаш може да се вратите од патот по кој сте дошле до таму, пишуваат од „Mirror“.

Од опцијата Account само треба да изберете Personal account и вашиот профил ќе биде вратен и ќе биде како ништо да не сте менувале.

Извор: B92.net