Објект на Facebook во градот Менло Парк, во државата Калифорнија синоќа е евакуиран поради закана за бомба.

Во зградата, каде имало вработени во Facebook и Instagram, веднаш биле испратени спацијални единици, но не се пронајдени никакви експлозивни направи.

Според локалните медиуми, заканата за бомба била упатена преку полициска станица во Њујорк, па потоа биле известени и влaстите на Менло Парк.

 Загриженоста за безбедноста во технолошките кампуси во Сан Франциско се зголеми минатата година, особено по пукањето во кампусот на YouTube во Сан Бруно во април.