По проблематичниот модел од минатата година, сега корисниците имаат „проблеми“ и со најновиот модел.
Корисниците на OnePlus 7 и OnePlus 7 Pro примале бизарни спам пораки во текот на изминатите неколку дена, а тоа некои го документирале на социјалните мрежи. На корисниците изминативе неколку дена им биле испраќани по најмалку две пораки.
Пораките содржеле линкови и букви на кинески и некој друг јазик, а кликот на линкот започнувал процес на отворање на интернет прелистувач кој не водел никаде.
During an internal test, our OxygenOS team accidentally sent out a global push notification to some OnePlus 7 Pro owners. We would like to apologize for any difficulties, and assure you that our team is currently investigating the error. We’ll share more information soon.
— OnePlus (@oneplus) July 1, 2019
Со оглед на тоа што OnePlus има историја со слични бизарни проблеми, каков што беше кога на голем дел од моделите, екраните биле поставени обратно, корисниците овој пат останале збунети и се обидувале да дознаат зошто ги добиваат „мистериозните“ пораки.
После неколку дена реагираа и од OnePlus, од каде што велат дека станува збор за грешка на тимот задолжен за софтверот, кој по грешка испратил “push” пораки на OnePlus 7 и OnePlus 7 Pro телефоните за време на интерниот тест на OxygenOS софтверот.
Извор: Mondo.rs