Досега сигурно сте виделе сè кога станува збор за роботите: тие одговараат на прашања, служат храна, чистат… Познатата компанија која предничи во дизајнирањето на роботи, “Boston Dynamics” ги претстави во речиси сите ситуации освен во една – кога тие ќе полудат и одбиваат послушност.
Така, голем хит на социјалните мрежи за краток временски интервал стана видео снимката наречена “Bosstown Dynamics – Robot Abuse?” кој на помалку злочуден начин опишува како би изгледало кога машините би одбиле да ги слушаат оние кои ги создале.
Луѓето кои ја погледнале снимката во која роботот го “возвраќа ударот”, се тепа со двајца мажи, а на крајот ја фрла кутијата кон камерата, воздивнале кога сфатиле дека станува збор само за пародија. Сепак, останува прашањето дали постои страв дека оваа шега еден ден навистина ќе се претвори во реалност.
Поврзани артикли