Компанијата Huawei и натаму работи на Mate 30 серијата смартфони, и покрај тоа што компанијата е во проблеми поради забраната од американската администрација. Покрај тоа, компанијата ја подготвува и Huawei Mate 30 5G верзијата.

Според слајдот, кој пристигнува од 5G конференцијата во Русија, Mate 30 5G ќе биде објавен во декември и ова првенствено се однесува на пазарот на Русија, но може да биде добар показател кога може Mate 30 семејството да се очекува глобално. Можно е дека 4G Mate 30 телефоните ќе се појават и порано (ноември), што би било во склад со претходните временски рамки на серијата на телефонот.

Кога е во прашање Mate X, неговата објава се очекува во септември. Телефонот би требало да пристигне порано, но Huawei сакаше да биде сигурен дека нема да му се случат истите проблеми, кои што ги имаше Smasung со својот Galaxy Fold модел. Huawei затоа одлучи да не брза со објавата и да обезбеди првиот флексибилен смартфон на компанијата да пристигне целосно подготвен на пазарот.