Светот на автономните електрични трактори станува се поголем, а доказ за тоа е моделот што го претстави компанијата CNH Industrial.

Според тврдењата на производителот, тоа е првиот електричен лесен трактор, односно прототип со самоуправувачка технологија. Моделот наречен New Holland T4 Electric Power е машина која овозможува потивко работење без емисија на гасови, за разлика од моделите со дизел.

Исто така, трошоците за работна сила се помали, а се намалува и времето што земјоделците треба да го поминат зад воланот. Сензорите и камерите поставени на покривот му помагаат на тракторот да ги заврши задачите, да избегнува пречки и да работи во хармонија со друга опрема. Тракторот може да се стартува и преку паметен телефон.

T4 Electric Power се напојува со електричен мотор кој испорачува 120 КС и овозможува максимална брзина од 40 km/h, а неговата батерија е доволна за цел ден работа во зависност од профилот на задачата. Сепак, тоа значи дека може да бара дополнително полнење, но ќе се полни за 60 минути со помош на брзиот полнач што може да се купи.

Покрај основната намена, тракторот може да служи и како извор на енергија на тркалата бидејќи има приклучоци за поврзување на различни алати, а може да функционира и како резервен извор на енергија. На тракторот може да се прикачат хидраулични, механички и приклучоци за Power Take Off.

Производството на тракторот треба да започне на крајот на 2023 година.

Компанијата CNH Industrial го разви и новиот T7 Methane Power LNG, кој е трактор кој се напојува со течен природен гас. Овој трактор може да користи биометан произведен од ѓубриво од добиток. Кога овој трактор ќе се појави на пазарот се уште не е познато бидејќи се уште е во фаза на претпроизводство на прототип.

Непознати се и цените на тракторите, но според тврдењата на производителот, електричниот трактор ќе ги намали оперативните трошоци и до 90 отсто.