Научниците можат да ја детектираат само со анализа на сеизмичките бранови што минуваат низ неговото цврсто железно внатрешно јадро. Од некоја причина, брановите се движат низ јадрото многу побрзо кога патуваат помеѓу Северниот и Јужниот Пол отколку отколку кога поминуваат преку екваторот.

Експертите знаат за оваа аномалија со децении, но не можеа да објаснат што точно ја предизвикува. Според најновото истражување, за време на кое научниците користеле симулации за раст на јадрото во текот на изминатите милијарди години, одговорот би можел да лежи во постепеното нарушување или асиметричниот раст на внатрешноста на јадрото, при што на едната страна се формираат нови железни кристали побрзо отколку на другата.

„Протокот на течно железо во надворешното јадро ја расфрла топлината од внатрешното јадро, што предизвикува ладење. Тоа значи дека надворешното јадро влече повеќе топлина од исток (под Индонезија) отколку од запад (под Бразил)“, вели сеизмологот Даниел Фрост од Универзитетот Беркли за Live Science.

Експертите наведуваат дека овој асиметричен раст не значи дека внатрешното јадро е деформирано или дека може да настане нерамнотежа. Радиусот на внатрешното јадро расте во просек рамномерно за околу 1 милиметар секоја година. Силата на гравитацијата го коригира асиметричниот раст на кристалите на источната страна од јадрото со туркање на новите кристали на запад. Таму, кристалите се собираат во решеткасти структури кои се протегаат по оската север-југ. Овие кристални структури, распоредени паралелно со половите на Земјата, се сеизмички автопати кои овозможуваат сеизмичките бранови побрзо да патуваат во таа насока.

Но, што точно го предизвикува ова?

Што ја предизвикува оваа нерамнотежа во внатрешното јадро воопшто? Тоа е тешко да се каже без да се погледнат сите други слоеви на нашата планета, рече Фрост.

„На секој слој влијае и она што е горе и она што е под него. Внатрешното јадро полека се лади и се шири од течното надворешно јадро, како снежна топка што се зголемува со тркалање. Надворешното јадро потоа се лади со плаштот над него. Ако сакаме да го поставиме прашањето зошто внатрешното јадро расте побрзо од едната страна од другата, мораме исто така да се прашаме зошто едната страна од плаштот е поладна од другата“, рече Фрост.

Тектонските плочи може да бидат делумно одговорни за тоа, смета Фрост. Имено, кога ладните тектонски плочи потонуваат длабоко под површината на Земјата за време на процесот на субдукција (подвлекување на една плоча под друга), тие го ладат плаштот што се наоѓа под нив. Но, експертите сè уште не знаат со сигурност дали ладењето на плаштот може да влијае на внатрешното јадро на овој начин.

Подеднакво е под знак прашалник дали едностраното ладење на јадрото може да влијае на магнетното поле на Земјата. Имено, магнетното поле се создава поради проток на течно железо во надворешното јадро, што пак е под влијание на загубата на топлина од внатрешното јадро. Ако внатрешното јадро изгуби повеќе топлина од источната страна, тогаш надворешното јадро ќе се движи повеќе на исток, рече Фрост.

„Прашањето е дали ова влијае на јачината на магнетното поле“, додава сеизмологот.