Истражувањето на Pew Research Center покажува дека интересот на тинејџерите опаѓа во однос на 2015. година, кога оваа организација спроведе слично истражување.

Пред три години Facebook го користеа 71 отсто од испитаните Американци помеѓу 13 и 17 години, а до денес овој процент падна на 51 отсто.

YouTube, на пример, го користат 85 проценти, Instagram 72 отсто, а Snapchat 69 отсто. Интересно е што во претходното истражување YouTube не беше вклучен, бидејќи тогаш се уште не се перцепираше како социјална мрежа.

Водителката на истражувањето Моника Андерсон изјави дека користењето на социјалните медиуми помеѓу тинејџерите драматично се промени во изминатите три години.

Понатаму, денес 95 отсто од тинејџерите користат смартфон, додека во 2015. го користеа само 73 проценти.