Компанијата Oppo го претстави своето ново решение, а то е селфи камера вградена под екранот.

Во изминатите неколку години се води дебата за тоа како на најдобар начин да се максимизира просторот за екран на предната страна кај смартфоните и каде да се постават клучните компоненти на уредите за да доминираат екраните. Клучот е во интегрирање на компонентите во самиот екран, што веќе го видовме во случајот на сензорот за отпечатоци од прсти, а сега е редот на селфи камерата.

Oppo е компанија која експериментираше со екранот со засек и pop-up камера, а сега стана првата која демонстрираше решение со селфи камера вгрдаена под екранот. Тоа го направи во Шангај, откако објави тизер минатиот месец.

Компанијата откри дека за екранот е искористен проѕирен материјал, кој работи со редизајнирана структура на пиксели, така што светлото може да дојде до камерата. Самиот сензор е поголем во однос на останатите селфи камери и има леќи со поголем отвор на блендата. Дел од екранот резервиран за камерата и натаму е осетлив на допир, а од Oppo тврдат дека квалитетот на екранот нема да биде загрозен.

Меѓутоа, свесни се дека ставањето на екранот пред камерата за последица има намален квалитет на фотографиите и дека ќе биде потребно да се надминат другите значајни проблеми, како што се замаглувањето, одсјајот и излевањето на бои. Oppo наведува дека развил алгоритми кои се задолжени за решавање на овие проблеми и тврди дека квалитетот на фотографиите на предната камера е еднаков на оној кој моментно го нудат најдобрите камери на пазарот.

Уредот со камера под екранот ќе се појави наскоро на пазарот.