Како да го скриете својот профил на Facebook?

Ако ви е потребна мала пауза од љубопитните очи на другите членови на „Фејсбук“, постојат неколку методи како да ги избегнете.

За да се сокриете од другите, најлесно е да го деактивирате профилот. За да го направите тоа, кликнете на триаголничето во горниот десен агол и одете на Поставки. Во делот Општи поставки за сметката, кликнете на Управувај со сметката. Најдолу имате опција Деактивирај го твојот профил. Кога ќе кликнете таму, „Фејсбук“ ќе побра од вас да ја внесете лозинката, да одговорите на неколку прашања и потоа сте слободни додека не решите повторно да се активирате.

Ограничете го пристапот до пораките и објавите

Ако сакате само да спречите некои луѓе да коментираат на ваши објави, постои начин и за тоа. Кликнете на триаголничето, одете на Поставки, па во менито од левата страна побарајте ја ставката Приватност.

Тука можете да ги сокриете вашите објави и ознаки. На пример, можете да направите вашите објави да може да ги видите само вие или потесниот круг на пријатели. Одете на Измени покрај делот Кој може да ги види твоите идни објави? Тука можете да одредите кого сакате да пуштите на вашата страница.

Ако изберете Само јас, сите ваши објави ќе останат приватни. Но, може да ја изберете и опцијата Одредени пријатели или, пак, Пријателите, освен, па да ја ограничите видливоста на вашите статуси.

Ако сакате да ја ограничите видливоста на нешто од минатото, одете на Ограничете ги старите објави. Оваа функција ќе ја ограничи видливоста на сите ваши стари објави на Само пријателите. Ако сакате објавите да ги сокриете од сите, ќе мора тоа да го направите посебно за секоја објава, една по една.

Како да ги спречите другите корисници да објавуваат на вашиот ѕид?

Во менито од левата страна во Поставки одете на Времеплов и означување. Тука можете да си одберете кој може да објавува на вашиот времеплов, кој може да види што другите објавиле на вашиот времеплов, кој може да ги гледа објавите на кои сте означени и многу други нешта. Треба само да кликнете на Измени покрај секој дел и да ги направите саканите измени.

Извор: Tportal.hr