LG започна да прима преднарачки за својот 8K OLED телевизор – првиот во светот – кој може да се пофали со неверојатна резолуција, но и превисока цена.

88Z9 има 88-инчен OLED панел со 8K Ultra HD резолуција – 16 пати поголем од бројот на пиксели во Full HD и четири пати повеќе од 4K. Исто така, доаѓа и со втората генерација на Alpha 9 8K интелигентен процесор на LG кој користи deep learning технологија за да го оптимизира звукот и визуелните ефекти, и да ги анализира амбиентните услови за идеална осветленост на екранот.

Според LG, телевизорот исто така ќе има вградени верзии на Google Assistant и Amazon Alexa на некои пазари, иако не е наведено кои.

Цената на 88Z9 ќе биде 34,000 долари за преднарачките, додека подоцна ќе достигна цена од 42,000 долари.