Ерик Сторм, туристички водич во Националниот парк Хавајски вулкани, успеа на својата GoPro камера да сними директна средба со лава.

Иако често може да се слушне дека GoPro камерите се неуништливи, малкумина знаеја колку висока температура можат да издржат.

Откако лавата се смирила и почнала да се лади, Ерик се обидел да стигне до тоа што останало од неа.
„Ја извлеков со геолошки чекан, мислев дека е потполно уништена“, вели тоја за Пета Пиксел.

Камерата не само што преживеала туку успеала и се да сними и да сочува во мемориската картичка.
„И понатаму работи, но не толку добро како порано. Навистина е неверојатно како остана во функција“, велш Ерик.