Компанијата Emtek одлучи да го укине BlackBerry Messenger (BBM) и да го испрати во историјата.
Emtek во април соопшто дека ќе го го угаси BBM, кој константно губеше број на корисници и неуспешно привлекуваше нови. Утеха за верните фанови може да биде тоа што BlackBerry го отвори BBM Enterprise за лична употреба, кој е достапен за Android, iOS, Windows и Mac.
Пред три години, Emtek сакаш да го освежи BBM, но сите напори пропаднаа.
„Дадовме се од себе за тоа да стане реалност, горди сме на она што го направивме досега, меѓутоа технолошката индустрија е многу флуидна, па и покрај нашите значајни напори, корисниците сепак преминаа на други платформи, а новите корисници беше тешко да се привлечат”, стои во соопштението на компанијата.
Компанијата е соочена со опасна конкуренција и ги тужеше Twitter, Facebook и Snapchat, поради кршењето закони за патенти. Во 2017. година, изненади многумина кога го додаде Uber во својата BBM апликација. И покрај напорите, популарноста на платформата продолжи да опаѓа. Времето ќе покаже дали BlackBerry ќе успее да ги претвори BBM корисниците во BBM фанови.