Со Mate 30 Pro моделот, Huawei претстави нов кружем камера модул, а изгледа дека компанијата има големи планови како да го користи просторот околу сензорите на следните телефони. Според новиот патент, кој го објави сајтот LetsGoDigital, тој простор ќе биде искористен за touch дисплеј.

Според наводите, споменатиот дисплеј ќе биде корисен. Можно е да се види кој ве повикува, ќе прикажува часовник, ќе го вклучува алармот и ќе прикажува текстуални пораки. Истовремено, наменет е за користење како своевидно подвижно тркало.

Дисплејот ќе може да се користи за зумирање со камерата, контрола на звукот, листање на страници на книга и други функции.

Фотографиите од патентот покажуваат систем со четири камери, но тука се работи само за скица, бидејќи самиот патент е наменет на тоа да укаже на карактеристиките на touch дисплејот.

Од друга страна, постои можност решението од патентот воопшто да не е планирано за Mate 40, туку можеби за Mate 50 / Pro од следната година, или воопшто нема ни да стигне на некој комерцијален производ.