Бројни компании му го свртеа грбот на Huawei по американската забрана за трговија, но наредбата на американската влада влијаеше и на членствата на кинеската компанија во телата задолжени за стандардизација.

SD Association минатата недела му го одзема членството на Huaweu, повлекувајќи го од листата, но до дојде до пресврт, па кинеската компанија повторно е на листата. Детали за тоа зошто одлуката е променета засега нема.

Како и да е, Huawei може да продолжи да користи барем еден интегрален технолошки стандард за своите претстојни уреди. Компанијата има свое решение за SD картичка, а тоа е Nano Memory картичката, која се користи за смартфонот P30 Pro.

Пред Huawei има уште многу пречки кога се работи за неговите претстојни уреди, но барем една е прескокната.