Проблемите на Facebook со лажните профили се сè поголеми, па така, според нивниот нов извештај за транспарентност, само оваа година социјалната мрежа затворила над две милијарди профили.

Раководството на Facebook соопшти дека оваа година има драстично зголемување на бројот лажни профили на оваа мрежа. Во текот на првото тримесечје од 2019 година, затворени се 2,19 милијарди профили, речиси двојно повеќе од истиот период лани. Во првиот лански квартал, биле угасени 1,2 милијарди профили.

Заменик-претседателот на Секторот за интегритет на Facebook, Гај Росен вели дека се работи обично за т.н. спамери и ботови кои, заради свои цели и агенди, се обиделе одеднаш да отворат повеќе профили.

Facebook може автоматски да ги угаси овие видови лажни профили во мигот кога тие се создадени