Google воведува промени во начинот на кој ќе ги прикажува резултатите од пребарувањето на интернет на мобилните уреди. Овие резултати наскоро ќе почнат со прикажување на иконата на веб-дестинацијата и име над насловот на одредени веб-страници за подобро да биде нагласен изворот на информации.
Новиот дизајн треба да биде достапен во наредните неколку дена. Google вели дека дизајнот прво ќе дојде на мобилните телефони, а подоцна и на компјутерите.
Со ажурираниот дизајн пребарувањето на мобилните телефони почнува да изгледа повеќе како почетна страница страница со вести исполнета со постови од различни објавувачи на специфични теми. Потенцирањето на изворот на информации има смисла, особено кога станува збор за лажните извори на вести.
Исто така, Google вели дека оваа промена во дизајнот е нешто што претставува отскочна штица за создавање побогати страници со резултати од пребарување. Освен тоа, дизајнот овозможува додавање повеќе копчиња и можности, со што резултатите од пребарувањето наскоро ќе бидат доста интерактивни.
Извор: The Verge