Бројни корисници на услугите на Google и нивните сервиси ширум светот денеска се жалеа на проблеми. Станува збор за „Error 502“, односно оневозможен пристап на Gmail, Hangouts, Drive, Docs и YouTube.

Downdetector, веб-страницата што ги следи прекините на веб-страниците, објави над 20.000 случаи на прекини во целиот свет.

Сепак, од оние кои пријавиле проблеми со YouTube, 54 отсто рекле дека не можат да пристапат до веб-страницата, 42 отсто не можат да гледаат видеа и три отсто тешко се најавуваат за пристап на страниците.

И од оние кои пријавиле проблеми со Gmail, 75 отсто не можеле да се најават, 15 отсто не можат да пристапат на веб-страницата.

Досега Google не објави никакви проблеми, но компанијата постави известување на своите страници наменети за администраторите.

„Свесни сме за проблемите со нашите услуги кои влијаат на голем број на корисници. Корисниците сега не можат да им пристапат на услугите“, стои во соопштението.

Иако многу корисници ширум светот сè уште не можат да пристапат до нивните сервиси, за некои корисници состојбата полека се нормализира.