Иако од објавата на новите iPhone модели не делат неколку месеци, како и од објавата на оперативниот систем iOS 13, YouTube каналот EverythingApple и дојавувачот Max Weinbach објавија некои интересни информации за претстојните iPhone модели.

Кога се во прашање iPhone моделите, двата премиум телефона ќе имаат големи OLED панели: 5,8-инчен за стандардната и 6,5-инчен за Pro/Plus варијантата.

Засекот во врвот на екранот и натаму е присутен. Извештајот споменува подобрена Face ID функција, како и значајни подобрувања за стерео звучниците.

Кога се во прашање подобрувањата на камерите, веќе знаеме дека годинашните iPhone модели ќе имаат три камери на задната страна – стандардна, телефото и ултраширока. Широкоаголната камера би требало да овозможи поле на преглед од 120 степени.

Apple на задната страна ќе имплементира и подобрен LED блиц. Покрај ова, испакнатината за камерата ќе биде значајно помала отколку на претходните генерации на телефонот.

Што се однесува до iOS 13 функциите, некои од нив се опишани. Тука е таканаречениот Dark Mode, кој ќе биде системски, а ќе се применува и на екстерните аплимации. Меѓутоа, Apple ќе се фокусира на потемно сивата наместо на вистинската црна позадина, како што претходно се очекуваше.

Покрај ова, iOS 13 ќе почне повеќе да учи од корисничките акции и однесувања, па така ќе биде достапно паметното управување со RAM и друго. Jailbreaking-от, исто така, ќе биде отежнат.