Мистериозниот објект кој стигна до Сончевиот систем се смета дека е метеор или астероид, но има и такви кои мислат дека е во прашање нешто друго.

Одредени научници сметаат дека објектот во облик на цигара поминал незамисливи меѓуѕвездени далечини со брзина од 320.000 километри на час. Сега, научниците на чело со Стивен Хокинг се обидуваат да дешифрираат дали објектот “во облик на цигара“ е вонземска сонда или природен феномен.

Можеби вонземјаните имаа вселенски брод кој патува многу брзо и ослободува мали вселенски летала кои слободно влегуваат во планетарниот систем во извидувачка мисија, рече професорот по астрофизика на Харвард, Ави Лоеб.

-Ако овој објект е од природно потекло, би требало такви да има повеќе во Сончевиот систем. И дури, ако повеќето од нив имаат природно потекло, можеби ќе се открие дека еден од нив има вештачко потекло.

Програмата вредна 75 милиони фунти која бара докази за интелигентен живот надвор од Земјата под водство на Стивен Хокингс се обидува да открие докази за вонзмеска технологија која се емитува од овој објект.
Објектот е долг стотина метри, но висок и широк само десет метри и ваков облик во вселената досега не е виден.

Брзината со која се движи е 300.000 километри на час, што укажува дека не е гравитациски врзан за Сонцето односно дека ќе продолжи со патувањето назад во меѓуѕвездениот простор.

Објектот ќе прелета покрај Јупитер следната година, а покрај Плутон до 2020 година.

-Напредните вонземјани можеби би станале номади кои ќе освојуваат и колонизираат планети до кои можат да стигнат. Не знаеме многу за вонземјаните, но знаеме за луѓето. Ако ја погледнете историјата, контактот помеѓу луѓето и помалку интелегентните суштества секогаш завршувал лошо за вторите. Цивилизацијата која може да прочита некоја од нашите испратени пораки може да биде една милијарда години пред нас.

Ако е така, тие се многу помоќни и нема да бидеме повредни од една бактерија за нив, рече Хокинг.