За време на лансирањето гром удрил во ракетата Сојуз на космодромот во северна Русија, Плесецк, соопштиле денес службеници од космодромот.
Поздравляем командование Космических войск, боевой расчёт космодрома Плесецк, коллективы РКЦ "Прогресс" (Самара), НПО имени С.А.Лавочкина (Химки) и ИСС имени академика М.Ф.Решетнёва (Железногорск) с успешным запуском КА ГЛОНАСС!
Молния вам не помеха pic.twitter.com/1cmlZ4hD1g— Дмитрий Рогозин (@Rogozin) May 27, 2019
Ударот од молња се случил 10 секунди по полетувањето на ракетата. Инцидентот не влијаел на лансирањето.
Лансирањето на ракетата носач со навигацискиот сателит „Глонас М” од „Плесецк” е прво во 2019 година.
Руската сателитска навигациска група „Глонас М” во орбитата ја сочинуваат 26 сателити, од кои еден поминува тестирање, а еден стои како резерва.