Проблемот со онлaјн сервисите е тој што вашите податоци се во милост и немилост на компанијата која ја контролира услугата. Во поголем дел од случаите, многумина од нас претпоставуваат дека постојат заштитни механизми за спречување до пристапот на нашите лични податоци, но за жал, тоа секогаш не е случај. Во извештајот на Motherboard, востановено е дека некои вработени во Snapchat ја злоупотребиле својата положба за да ги шпионираат корисниците.

Во извештајот, кој ги наведува бившите вработени како извор, се тврди дека неколку вработени во Snapchat пред неколку години го злоупотребувале нивниот пристап. Според нивните зборови, Snapchat има некои интерни алати кои им овозможуваат на вработените да пристапат до корисничките информации, како што се нивната локација, сочувани снимки и други лични информации.

Еден од алатите наречен SnapLion е развиен така што Snap може да да пристапи до информациите за корисниците ако некогаш пристигне барање од органот за спроведување закони. Ова има смисла, бидејќи сме сигурни дека и многу други компании имаат начини за пристап до информациите за корисниците во такви случаи, но во овој случај, извештајот тврди дека некои вработени го злоупотребиле.