Во угледниот научен магазин Nature објавена е анализа која опфаќа неколку истражувања со новиот поглед на начините на ширење на коронавирусот. Проверивме што се е откриено од почетокот на епидемијата. 

Освен со кивање, кашлање и физички контакт, коронавирусот може да се шири и преку обичен говор преку ситните капки наречени аеросоли што струјат низ воздухот и се акумулираат со текот на времето.

Научниците од американскиот Национален институт за здравје пресметаа дека за една минута гласен говот во затворен простор заразено лице генерира повеќе од 1000 мали вируси оптоварени со аеросоли и дека во воздухот остануваат најмалку осум минути.

Такви случаи во литературата се забележани можеби само три, односно во поголеми простори како што се автобус, канцеларија или ресторан, едно лице да било заразено и потоа со струење на воздухот вирусот да отишол на оддалеченост поголема од два метра и да зарази лице на другиот крај од просторијата.

Се зависи од условите во затворениот простор, па поради тоа проветрувањето и измената на воздухот во просторијата се исклучително важни.

И уште поважно, ако е некако можно, да не се користат вентилатори и вентилациски системи во затворениот простор. Ако го вртиме воздухот, тогаш ситните капки во кои е вирусот ќе се шират и ќе овозможиме да стигнат до другите луѓе.

Есента е пред врата, а со тоа и поголемата опасност од заразата, покажа едно истражување. Летното сончево светло во шест минути уништи 90 проценти од вирусите во вештачката плунка. За да се постигне истиот ефект во сенка, односно во темница, научниците во Вашингтон чекале 125 минути.

Човекот во зимските месеци почесто заболува од болести на дишните системи, и тоа во поголем дел вирусни, но има и многу бактериски. Причината е едноставна: во зимскиот период настануваат промени во атмосферата поради кои влегуваме во домовите, се затвораме и грееме, а настануваат и промени во нашите дишни системи. Сето тоа доведува до ситуација вирусите и бактериите полесно да преминат од еден човек на друг.

Во секоја болест клучен фактор е и имунолошкиот систем на поединецот, како и придржувањето до епидемиолошките мерки.