Во текот на јули минатата година, Facebook ја претстави функцијата под името “Watch Party” за Facebook Groups, која им овозможуваше на корисниците заедно да гледаат видео содржини. Подоцна е откриено дека компанијата истата функција ја тестира и на Facebook Messenger, a сега изгледа дека Instagram исто така би можел да ја добие функцијата на заедничко гледање видеа.

Забележано е дека Instagram работи на видео co-watching функција, која би требало да биде достапна во Instagram Direct секцијата во видео повици.

Објавените скриншотови на функцијата покажуваат дека корисникот ќе може со пријателите да прегледува видео од својата плејлиста или онаа која го сугерира Instagram.

Засега нема гаранции дека споменатата функција ќе и биде достапна на јавноста, бидејќи Instagram одби да даде било каков коментар.