Microsoft ги откри своите нови икони на апликацијата Office 365, кои имаат похрабри и појасни нијанси искомбинирани со поедноставени визуелни и веднаш препознатливи симболи. Ова е прва промена на иконите од 2013. година, кои сега се дизајнирани за да изгледаат поедноставно и современо.

Office денес е достапен за Windows, Mac, iOS и Android, а компанијата Microsoft секојдневно работи на подобрување на изгледот и корисничкото искуство на нивните апликации.

Новите икони се дизајнирани на начин да покажуваат како Office пакетот се менувал во последните години со новите можности на вештачката интелигенција. Тие се значително променети, но сепак доволно препознатливи за милионите луѓе кои секојдневно користат апликации од Office пакетот.

Новиот дизајн на икони за Word, PowerPoint, Excel, Skype, Teams ќе пристигнат до корисниците во наредните неколку месеци. Следна на листата за редизајнирање е апликацијата Microsoft Outlook.

Погледнете ги новите икони: